„Брат мртов сум. Овде во Нант имав да средам многу работи, никако да ги завршам. Сега сум овде во авионот и ми делува дека ќе се распадне и летам за Кардиф“, е дел од пораката на 28-годишниот фудбалер Емилијано Сала што ја испратил по полетувањето од Нан за Кардиф.
Сала, откако се вратил од Кардиф за да се збогува со поранешните соиграчи на Николас Палоа му раскажал дека летот од Велс бил непријатен и дека стравува за својата безбедност. Иако се уште нема официјална потврда за смрта на Сала и пилотот, сите се песимисти дека оваа приказна може да има среќен крај.
„Утрвечер ќе тренирам со мојот нов тим. Ќе видиме што ќе се случи. Како сте вие браќа и сестри? Доколу за еден час или час и пол не добиете вести за мене, не знам дали ќе испратат некого да ме бара, бидејќи нема да можат да ме најдат… Тато толку се исплашив“, биле последните зборови на Сала, кој пред неколку дена за 18 милиони евра од Нант се пресели во Кардиф.
Неколку авиони и бродови цел ден и цела ноќ барале делови од авионот. Пребарале 3.000 квадратни километри, биле пронајдени бројни предмети, а англиските медиуми пренесуваат дека во полицијата се сигурни дека се работи за делови од авионот.
Истражителите рекле дека нема никакви шанси Сала и пилотот да преживеале доколку авионот паднал во морето. Во моментот кога авионот исчезнал од радарите брановите биле високи и до два метри, паѓал силен дожд, а во такви услови човек можело да преживее најдолго еден час.