Top Sport

Последното видео на починатиот руски фудбалер

Фудбалскиот свет вчера го потресе веста за смртта на 22 годишниот фудбалер на Локомотив од Москва Инокентие Самохвалов.

Самохвалов починал од инфаркт додека тренирал во својот дом. Неколку часа пред смртта тој објавил видео како жонглира со топче за тенис. Видеото има преку милион прегледи.

Видеото го објави на Инстраграм профилот на страницата 433 со објаснување дека лично Самохвалов им ја испратил снимката.

Инаку Самохвалов бил член на Локомотив од 2015 година, со јуниорскиот тим во 2016 година ја освоил шампионската титула. Сезонава тој играл за резервниот тим на Локомотив, Казанки, кој се натпреварува во третата лига.

„Ова е ужасно. Лекарите му дозволија да тренира што значи дек немал здравствени проблеми. Сега не известија дка имал срцеви проблеми“, рекол тренерот Александар Гришин.

Scroll to Top