Top Sport

Ларкин доби нов договор

Американецот Шејн Ларкин ќе потпише нов договор со Анадолу Ефес. Договорот ќе важи до 2022 година. Претходниот договор што го имаше Ларкин истекуваше во 2021 година.

Со новиот договор Ларкин ќе има и значително поголема плата. Наместо предвидените 2,5 милиони евра колку што требаше да добие наредната сезона, со новиот договор е предвидено неговата плата да изнесува 3,7 милиони евра, додека во 2022 година платата ќе му изнесува четири милиони евра.

Ларкин зад себе има неверојатна сезона. Тој е главниот кандидат за МВП наградата во Евролигата. Ларкин во просек постигнува 22,2 поени. Против Баерн постигна 49 поени што е нов рекорд во Евролигата.

Тој е најзаслужен што Анадолу Ефес е лидер во Турција и во Евролигата.

Scroll to Top