Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу побара да престане да се преиспитуваат одлуките на судиите за да спречи поткопување на нивниот авторитет. Изјавата ја даде по поразот на Тотенхем од Челзи со 1:4 и го претрпе првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата.
Тотенхем и Челси, одиграа спектакуларен натпревар. ВАР поништи три гола, а Тотенхем натпреварот го заврши со двајца играчи помалку. Постекоглу не сака да го критикува судијата Мајкл Оливер.
Првото полувреме беше продолжено за 12 минути поради неколку проверки на ВАР системот, а тренерот на Тотенхем смета дека бројните инциденти довеле до прекумерна употреба на технологијата.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше бесен по поразот од Њукасл и рече дека трите проверки на ВАР во саботниот натпревар биле „срамни“ и побара ревизија на судиските стандарди.
„Одлуките се одлуки, треба да ги прифатиш или да не ги прифатиш. Некои од нив се самонаметнати, но ако сакаме да се жалиме секоја недела за лоши одлуки, ќе се случи она што се случи во оваа игра, форензичка студија за секој одлука. Во тој правец оди фудбалот. Не ми се допаѓа тоа, би можел да бидам осамен во тоа бидејќи ми кажаа дека тоа е патот до напредок. Со интервенциите од ВАР собата имаше премногу празен од во орвото полувреме“, изјави Постекоглу изјави за „Скај спорт“.
„Во одреден момент ќе мора да ја прифатиме одлуката на судијата. Оваа постојана ерозија на овластувањата на судијата, тоа е она што ќе се случи, тие нема да имаат авторитет, тоа ќе се намали и ние ќе имаме контрола над некој што гледа на ТВ приемник и е оддалечен неколку милји“, додаде тој.
Запрашан дали имал полуд натпревар во кариерата од оној против Челзи, австралискиот тренер рече:
„Не, но мислам дека тоа ќе стане норма, тоа е насоката во која оди фудбалот. За жал, мислам дека вака ќе биде во иднина. Веќе реков дека не ми се допаѓа. Не го сакам театарот додека не ги чекаме одлуките“.
По поразот од Челзи, Тотенхем е втор на табелата со 26 бодови, бод помалку од Манчестер сити.