Австралиецот со грчки корени, Анге Постекоглу, денес е назначен за тренер на Селтик. Постекоглу, со шкотскиот великан, потпишал 12-месечен договор.
Анге Постекоглу, на функцијата го наследи Нил Ленон, кој во февруари поднесе оставка, откако Ренџерс успеаја да ја прекинат децениската доминација на Селтик во лигата.
Во досегашната кариера, 55-годишниот Постекоглу, го предводел тимот на Јокохама и бил селектор на Австралија.