Новиот менаџер на Тотенхем, Австралиецот Анге Постекоглу признава дека не е „опуштен“ околу ситуацијата со неговата прва ѕвезда, Хери Кејн и шпекулациите за трансфер во Баерн Минхен.
Кејн влегува во последната сезона под договор со лондонскиот клуб, кој му понуди долгогодишен договор со далеку повисока плат од сегашната од 300.000 фунти, но англиските медиуми тврдат дека тој нема намера да го потпише договорот.
„Фер е да се каже дека не сум релаксиран поради тоа. Знам дека секогаш кога зборувам со новинарите дека првото прашање ќе биде за Хери. Мислам дека би било добро да не зборуваме за тоа долго време. Тоа не е добро за никого. Ниту за Хери, ниту за клубот, бидејќи мораме да се фокусираме на подготовките. Реалноста е дека тој е под договор со нас и не мора да се реши сега, има уште една година од договорот. Но, никој од нас не сака ова да трае предолго“, изјави Постекоглу.