Top Sport

Постигна хет-трик за пет минути, па во солзи го напушти теренот

Колумбискиот напаѓач Луис Суарез, вчера влезе во историјата на шпанскиот фудбал. На натпреварот Алмерија-Гранада тој го постигна третиот најбрз хет-трик во Примера во 21 век.

За само пет минути и 23 секунди, Суарез постигна три гола, на својот тим му донесе голема предност, но сепак натпревар заврши 3:3.

На десет минути пред крајот на натпреварот Суарез незгодно застана и со болна гримаса падна на тревата. Тој беше изнесен од теренот во солзи, а клубот подоцна излезе со соопштение во кое се наведува дека Колумбиецот се здобил со делумна фрактура на фибулата на левата нога.

Како сега стојат работите Алемрија без својот напаѓач сигурно ќе биде до крајот на годината.

По осум рунди во Примера, Алмерија е единствениот тим беа победа, со само три бода се наоа на последното место на табелата.

Foto/ EPA

Scroll to Top