Хамарби во понеделникот навечер го совлада Гетеборг со 3:0 во Алсвенскан, а третиот гол го постигна фудбалерот со необично име и со необични манири.
Кенеди Бакирчиоглу, поранешен шведски репрезентативец, постигна прекрасен гол од 25 метри, по што 37-годишниот ветеран реши да прослави со пиво кое му го „додаде“ еден од навивачите на трибините. Легенда!