Top Sport

Постигнат договор – Де Пол во Атлетико Мадрид

Челниците на актуелниот шпански шампион, Атлетико Мадрид, го завршиле трансферот на Родриго Де Пол. Фудбалерот на Удинезе, соработката со „јорганџиите“ ќе ја официјализира по завршувањето на копа Америка.

Де Пол, изминатите две сезони се поврзуваше со најголемите италијански клубот, на крајот тој кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, каде пред шест години го носеше дресот на Валенсија.

Удинезе, во 2016 година за само три милиони евра го донесоа на „Фриули“. Пест годни подоцна тој се сели на „Ванда Метрополитано“ за 35 милиони евра, плус одредени бонусо, кои на клубот можат да му донесат уште пет милиони евра.

Де Пол (27), со Атлетико ќе потпише пет годишен договор. Аргентинецот годишно ќе заработува три милиони евра.

Scroll to Top