Top Sport

Роналдо ја тргна „Кока-кола“, Погба истото го направи со „Хајнекен“

Откако Кристијано Роналдо, на прес конференцијата пред мечот со Унгарија, ги тргна шишињата „Кока-кола“ и им порача на сите дека треба да пијат вода, сличен потег повлече и Пол Погба, по мечот со Германија.

Потегот на Роналдо, предизвика загуба на берзите за „Кока-кола“ од четири милијарди евра. Прашање е дали слично ќе помине и „Хајнекен“, чие шише, безалкохолно пиво, го трга Погба од масата.

Погба во 2019 година е муслиман. Оваа религија строго го забранува алкохолот.

„Исламот ме натера да сменам и да разберам некои работи во животот. Беше тоа добра промена во мојот живот, бидејќи јас не сум роден како муслиман“, рекол Погба.

Scroll to Top