Top Sport

Постои очигледен проблем на релација Меси-Гризман

Иако негираат, лошиот однос помеѓу Лионел Меси и Антоан Гризман веројатно е најголемата причина што играта на Барселона е под сите критики, пишуваат шпанските медиуми. Францускиот репрезентативец се уште не се вклопил во играта на Барселона. Играчот платен 120 милиони евра на 14 натпревари од почетокот на сезоната има постигнато само четири гола.

„Марка“ пишува дека е тешко да му бидеш соиграч на Меси и дека тоа најдобро го почувствувале Паоло Дибала и Фелипе Кутињо.

„На натпреварот против Славија за 93 минути Меси и Гризман размениле четири подавања. На четирите натпревари во Лигата на шампионите меѓусебно размениле само 18 подавања“, анализира „Марка“ и го посочува моментот од 35 минута, кога Меси тргна кон голот на Славија во еден момент пред него има тројца противнички играчи, а во одлична позиција на другата страна е Гризман. Меси реши сам да ја заврши акцијата и од тешка позиција ја погоди гредата.

https://twitter.com/_____squidward/status/1191792051664359425

Јасно е дека Меси добро функционира со Луис Суарез, со него е пријател и надвор од фудбалскиот терен. На последните три натпревари (синоќа Суарез не играше поради повреда) Меси одиграл со Уругваецот 32 пати, додека топката кон Усман Дембеле ја упатил 18 пати за 120 минути, колку што со него заедно бил на теренот.

https://twitter.com/Piquesque_/status/1191982385535082496

Scroll to Top