Top Sport

Рагник се откажал, Венгер главен кандидат за тренер на Баерн

Германскиот тренер Ралф Рагник нема да биде новиот тренер н Баерн Минхен, откако неговиот менаџер, Марк Косицке, порачал дека нема основ за започнување на преговорите.

„Ралф не е достапен. Се сомневаме дека тој во моментов би можел да му донесе нешто на Баерн. Поради тоа нема основ за започнување на преговорите“, рекол Косицке.

Во ситуација кога претходно Баерн го одбиле Жозе Мурињо, Масимилијано Алегри и Ерик тен Хаг, главен кандидат за нов тренер е Арсен Венгер.

Легендата на Арсенал е без работа од летото 2018 година кога го напушти клубот од „Емирејтс“.

Баерн во неделата спогодбено се разделија со Нико Ковач. Предвремената разделба со тренерот Баерн ќе го кошта 10 милиони евра.

До именување на нов тренер Баерн ќе го предводи еден од асистентите на Ковач, Ханс Флик.

Scroll to Top