Третолигашот Ле Ербиер синоќа храбро падна против големиот фаворит ПСЖ во финалниот натпревар во финалето на францускиот Куп.
Клубот од малиот град во западниот дел од Франција беше поразен со 2-0, а головите за ПСЖ ги постигнаа ло Селсо во 26.минута и кавани од пенал во 74.минута.
Финалниот меч беше вистински празник за играчите и жителите на градот кој има 15.388 жители. Синоќа градот бил празен, бидејќи граѓаните на Ле Ербиер ги купиле сите 15.000 билети што им биле наменети.
Прекрасната атмосфера во финалето ја разубави капитенот на ПСЖ Тијаго Силва кој го повика капитенот на Ле Ербиер, Себастијан Флошон, заедно да го подигнат пехарот. На тој начин Бразилецот и ПСЖ им честитаа на противничките играчи за неверојатниот успех.
Nice gesture! ?
PSG captain Thiago Silva and Les Herbiers captain Sebastien Flochon lift the Coupe de France together in front of French President Emmanuel Macron. ??? pic.twitter.com/rONobQ95mC
— Goal UK (@GoalUK) May 8, 2018
Ле Ербиер е четвртиот тим од француската Трета лига што стигнал до финалето, претходно тоа им успеало на ним (1996), Амиен (2001) и Кевили (2012).