Нејмар против Црвена ѕвезда постигна хет-трик во победата 6:1, два од трите гола ги постигна од слободни удари, поради што влезе во конкуренција за најдобар играч на второто коло.
Иако постигна два преубави гола од слободни удари, потегот на денот е еден дриблинг што го изведе Бразилецот.
Нејмар, најпрвин успеа да ја провлече топката низ нозете на Милош Дегенек, а потоа и да упати удар кон голот, кој успеа да го одбрани голманот на Црвена ѕвезда.
Покрај Нејмар во конкуренција за играч на колото се Един Џеко, Паоло Дибала и Лионел Меси.
#UCL Skill of the Day: @neymarjr spots the gap… ? pic.twitter.com/wP6oeaXhJY
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 3, 2018