Top Sport

Потер: Челси да не избрзуваат за да не направат нова грешка како со Лукаку

Менаџерот на Челси, Греем Потер го посочи трансферот од 97.5 милиони фунти на Ромелу Лукаку од Интер како предупредување за иднината во потрага на докажан голгетер на „сините“.

Челси потрошија огромни пари во јануарскиот преоден рок, добивајќи ги ѕвездите како Енцо Фернандез и Михајло Мудрик, но тоа не го реши проблемот пред голот, што беше уште еднаш јасно при петочното 0:0 реми со Фулам. Потер вели дека трошењето на пари за напаѓач може да не донесе решение.

„Мислам дека мораме да се подобриме како тим. Ако погледнете во последните 18 месеци, Челси не даваше доволно голови и се сметаше дека со трошење на 100 милиони фунти за напаѓач ќе се решат проблемите и не беше така. Мораме да напаѓаме како тим. Не знам колку време ќе биде потребно за да почнеме да играме како тим“, вели Потер.

Scroll to Top