Менаџерот на Челси, Греем Потер не беше задоволен од прославата на Каи Хаверц на голот од пенал против Евертон по новото разочарувачко 2:2 реми со Евертон.
Германецот Хаверц сметаше дека ги донел трите поени за Челси на „Стемфорд Бриџ“, кога постигна гол од пенал на само 14 минути пред крајот, но Елис Симс со својот прв гол за Евертон во судиското продолжение обезбеди реми за тимот на Шон Дајч. На Потер не му се допаѓаше што Хаверц по постигнувањето на голот реши да го провоцира голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.
„Кога ќе дадаат гол, тоа е искуство во кое излегуваш надвор од телото. Јас не сум постигнал многу голови, така што не го знам чувството. Треба да уживаш во прославата, но навистина нема потреба да го вклучуваш противникот. Тоа е мојата перспектива“, вели Потер.