Top Sport

Потер официјално е селектор на Шведска

Англискиот тренер Греам Потер (50), кој неодамна беше отпуштен од Вест Хем, експресно најде работа. Потер е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шведска.

Фудбалската асоцијација на оваа скандинавска земја официјално потврди дека Потер е новиот селектор на репрезентацијата на „трите круни“. Тој ќе го наследи Јон-Дал Томасон на таа позиција, кој неодамна беше отпуштен поради лоши резултати.

Шведска моментално е последна во квалификациската група за Светското првенство, зад Словенија, Косово и Швајцарија.

Во четири натпревари, Шведска не победи на ниту еден натпревар, освои само еден бод.

Потер ќе се обиде да ја поправи ситуацијата и да ги врати Швеѓаните на вистинскиот пат.

И покрај минималните шанси низ квалификациите да се пласира на Мундијалот, Шведска сепак ќе има втора шанса да ја постигне својата цел, ќе игра плеј-оф како една од најдобро пласираните репрезентации во Лигата на нации (беше прва во Групата Б).

Потер, во јануари го презеде Вест Хем, не импресионира со резултатите. Под водство на Потер, тимот од Лондон забележа пет порази во шест натпревари на почетокот на сезоната. Вкупно, тој има само шест победи во 23 натпревари со Вест Хем.

Сепак, тој има добар углед во Шведска, бидејќи го водеше Остерсунд до највисоко ниво три пати во седумте сезони додека беше во тој клуб.

Својот најголем успех го постигна во 2017 година со освојувањето на Купот на Шведска.

Scroll to Top