Менаџерот на Челси, Греем Потер го пофали новото засилување на клубот од 100 милиони евра, Михајло Мудрик, кој беше меѓу најдобрите играчи на „сините“ при здодевното 0:0 реми на „Енфилд“ против Ливерпул.
Младиот Украинец доби шанса да влезе во 55. минута од мечот и ги возбуди навивачите на Челси, откако имаше неколку убави ситуации во кои ја покажа својата вештина со топката.
„Тој нема играно фудбал подолго време, бидејќи таму беше пауза во сезоната, и морав да му дадам малку минути да почувствува игра. Но, мислам дека сите го видовте неговиот квалитет. Имаше добро влијание на играта“, вели Потер.
Mudryk vs Liverpool, a pure talent 💙pic.twitter.com/UGRzaVIJZf
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) January 21, 2023