Top Sport

„Потоп“ на Холанѓаните за 20-тина минути

Франција има 3:0 водство против Холандија по само 20-тина минути игра во првиот меч по болниот пораз во финалето на Светското првенство во Катар.

Во првиот меч од квалификациите за ЕУРО 2024, „триколорите“ дојдоа во водство во втората минута со голот на Антоан Гризман, за во осмата минута Дајот Упамекано да зголеми на 2:0. Новиот капитен на Франција, Килијан Мбапе во 21. минута постигна гол за 3:0 и најава за катастрофа на Холанѓаните, кои се ослабени со отсуство на пет првотимци поради труење со храна.

Scroll to Top