Top Sport

Милан со план за стадион со 70.000 седишта во Ла Маура

Газдата на Милан, американскиот бизнисмен Џери Кардинале оваа недела имал повеќе средби со претставниците на клубот и со различните региони во градот Милан за планот за нов стадион и според весникот „Ла република“ веќе е утврден планот за стадион со 70.000 седишта во областа Ла Маура, во непосредна близина на „Сан Сиро“.

Оваа сезона, Милан, како актуелни шампиони привлекуваат по 75 илјади гледачи на стадионот, така што газдата решил дека е потребно да се изгради стадион со поголем капацитет за најголемите мечеви на „росонерите“.

Милан продолжува со плановите за сопствен стадион, откако им пропадна идејата за нов заеднички стадион со Интер, а градоначалникот на Милан, Џузепе Сала претходно им даде краен рок од две недели за формален предлог-план.

Scroll to Top