Top Sport

„Потоп“ на Валенсија на гостувањето кај Мајорка (видео)

Мајорка со неверојатни 4:1 го декласираше тимот на Валенсија, за тимот од Балеарските Острови, конечно, да излезе од зоната за испаѓање во шпанската Ла лига.

Победата беше осигурана уште во првото полувреме, кога прво уште во седмата минута Антонио Раијо ги донесе во водство домаќините, за потоа двапати да стрела хрватскиот напаѓач Анте Будимир, во 24. и 41. минута од мечот.

Сите надежи на Валенсија дека може да направи камбек во второто полувреме паднаа во вода кога Дани Парехо доби втор жолт картон во 51. минута и ги остави „лилјаците“ со играч помалку. Лаго Џуниор во 79. минута зголеми на 4:0 со убав гол, пред гостите да добијат утешителен гол преку Феран Торес во 82. минута.

Валенсија останува на седмото место на табелата со 31 поен, додека Мајорка сега има 18 на 16. место на табелата, три повеќе од Селта Виго, кои денеска гостуваат на Атлетик Билбао.

Scroll to Top