Top Sport

„Потоп“ за Галата на брегот на Црното Море, го загубија голманот и мечот со Ризеспор (видео)

Рестартот на Турската Суперлига не почна најдобро за актуелниот шампион, Галатасарај, откако на гостувањето на брегот на Црното Море во Ризе, загубија со 2:0 од нископласираниот Ризеспор, и го загубија капитенот Фернандо Муслера по сериозна повреда во првото полувреме.

Уругвајскиот голман се повреди при една интервенција во 24. минута од мечот, која по сѐ изгледа беше посериозна, откако веднаш со амбулантно возило беше пренесен во локалната болница.

Во 42. минута беше досуден по малку контроверзен пенал за домаќините, а замената на Муслера, Окан Коџук иако го одбрани првиот удар на Милан Шкода, одбиената топка повторно дојде до Чехот, кој ја смести во мрежата. На почетокот на второто полувреме, во 53. минута, Ризе ги осигура трите поени, кога Тунај Торун ги искористи грешките на одбраната на Галата за да зголеми на 2:0.

Со поразот, Галата останува на третото место на табелата во Суперлигата со 50 поени, сега шест помалку од Трабзонспор и Башакшехир на првите две места. Ризеспор пак, излегува од зоната за испаѓање и сега се на 14. место со 28 поени.

Страшна повреда на голманот на Галата, Муслера (видео)

Scroll to Top