Top Sport

Доминик Тим е шампион на „Адрија турнејата“

Светскиот рекет број 3, Австриецот Доминик Тим е победник на првиот егзибициски турнир од „Адрија турнејата“, победувајќи го упорниот Србин Филип Крајиновиќ со 4:3(2)/2:4/4:2 на терените на Новак Ѓоковиќ во Белград.

Крајиновиќ, кој претходно го елиминираше Новак Ѓоковиќ од сопствениот турнир, покажа одлична борбеност, враќајќи се за тај-брејк во првиот сет, и освојувајќи го вториот, но на крајот едноставно немаше доволно сили во финишот на мечот.

По овој турнир пред публика, „Адрија турнејата“ се сели во Задар, Хрватска, па во два града во Босна и Херцеговина, Сараево и Бања Лука, откако настапите во Црна Гора станаа невозможни поради ограничувањата на движењето на српските државјани.

Scroll to Top