Top Sport

„Потоп“ за Македонија ЃП во Летонија и елиминација од Конференциската лига

Македонија Ѓорче Петров не успеа да направи сензација на гостувањето во Летонија, губејќи по вторпат од РФС Рига, овојпат со убедливи 4:1 за да ги завршат европските натапи во првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Тимот на Горан Симов имаше несреќна 0:1 негатива од првиот меч, така што беше потребно да забележат победа противи искусниот противник. Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Седрик Куадио ги донесе домаќините во водство во 43. минута од мечот, но само што почна второто полувреме, Кристијан Стојковски израмни во 50. минута за да даде надеж на „лавовите“. Куадио во 58. минута го постигна и вториот гол, пред Србинот Стефан Паниќ да ги зголеми на 3:1 во 68. минута. Дмитриј Зеленковс го претвори поразот во катастрофа со четвртиот гол во 86. минута од мечот.

Шкендија од 20.45 гостува кај Хаверфордвест во Велс со 1:0 предност од првиот меч, по што Шкупи од 21 часот на домашен терен има рутинска задача против литванскиот Хегелман по гостинската 5:0 победа.

Графика: Sofascore за Тоспорт.мк

Фото: РФС Рига

Scroll to Top