Барселона, саботата соопшти дека Нико Гонзалес го продолжи договорот до јуни 2026 година и дека неговата клаузула ќе изнесува милијарда евра. Веднаш по потпишувањето на договорот, Нико Гонзалес се пресели на позајмица во Валенсија.
Целта на Барселона е играчот да добие поголема минутажа, бидејќи минатата сезона играше малку, а и во сегашната ситуација никој не можеше да му гарантира место во тимот.
Џенаро Гатузо, тренерот на Валенсија, изјави дека Нико е токму она што им треба на „лилјаците“.
Нико Гонзалес по завршувањето на сезоната ќе се врати на „Ноу Камп“.
✍️ #BenvingutNico pic.twitter.com/7QSr5YQ1bD
— Valencia CF (@valenciacf) August 13, 2022