Top Sport

Потпретседател на Барса си замина откако го смести Надал меѓу „државните непријатели“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека Алфонс Годал, потпретседателот на Барса фондацијата и поддржувач на каталонската независност си дал оставка откако го нарече Рафаел Надал, освојувачот на рекордни 21 гренд слем титули и навивач на Реал Мадрид „државен непријател“.

Годал признал дека со својата изјава може да наштети на Барса фондацијата поради „одреден притисок од компании и медиумите“. Годал го нарече Надал „Рафаел Навидад“, преведувајќи го Надал, што значи Божиќ на каталонски во шпански превод на зборот.

„Рафаел Навидад ме прави да се чувствувам неудобно од првиот ден. Го имам во иста група со Ла роха (прекарот за шпанската фудбалска репрезентација), Реал Мадрид, Фернандо Алонсо и сите кои ја претставуваат непријателската држава“, напиша на Твитер Годал.

Надал доаѓа од Мајорка на Балеарските Острови, каде што се зборува каталонски, и иако неговиот чичко Мигуел Анхел Надал играше за Барселона, е страствен навивач на Реал Мадрид.

Лапорта, пак, го опиша Надал како „голем човек“ и посочи дека клубот му честитал на неговиот спортски успех.

„Штета што не е од Барса, но му простуваме бидејќи уживаме во неговиот тенис“, изјави Лапорта.

Scroll to Top