Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Артуро Видал во летниот преоден рок ќе го напушти клубот. Речиси сигурно е дека Чилеанецот ќе се пресели во Интер кај својот поранешен тренер Антонио Конте.
Видал од почетокот на сезоната се поврзува со Интер. Барселона ќе се обиде да го понуди Видал како дел евентуалниот трансфер на Лаутаро Мартинез.
Се претпоставува дека за Чилеанецот Барселона ќе бара помеѓу 15 и 20 милиони евра. Од почетокот на сезоната тој одиграл само 13 натпревари за Барселона во шпанската Ла Лига.