Францускиот репрезентативец, Кингсли Коман, го стави својот потпис на новиот договор со Баерн Минхен. Баварците потврдија дека Коман, според новиот договор, ќе остане во Минхен до 2027 година. Коман од клубот ќе добие годишна плата од 17.000.000 евра. Повеќе од него, на годишно ниво, ќе заработуваат само Мануел Ноер и Роберт Левандовски (20.000.000 евра).
Кингсли Коман, во 2020 година, на Баерн му ја донесе последната од шестте титули во Лигата на шампионите.
Баерн во 2017 година го откупија договорот на Коман од Јувентус, откако претходно две сезони играше во Минхен како позајмен играч.
Со Баварците, покрај европската и светската клупска титула, шест пати бил шампион на Германија, три пати го освоил Купот и пет пати Суперкупот.
#King2027 ?⚪️ pic.twitter.com/X7EwPGKmNJ
— FC Bayern München (@FCBayern) January 12, 2022