Фудбалската репрезентација на Македонија сезоната во второто издание во Лигата на нации ќе го започне на 5 септември. Во Ц-сегментот, во Групата 2, во Скопје на почетокот на септември ќе гостува Ерменија.
По натпреварот со Ерменија македонските фудбалери два пати ќе гостуваат, кај Грузија во Тбилиси на 8 септември и кај Естонија во Талин на 11 октомври.
На 14 октомври во Скопје ќе гостува Грузија, еден месец подоцна Македонија ќе ја пречека Естонија, а овој циклус македонските репрезентативци ќе го затворат со гостувањето во Ерменија на 18 ноември.