Top Sport

Потврдено! Бундеслигата се враќа на 15 мај!

Германската фудбалска лига (ДФЛ) за „Ројтерс“ потврди дека постигнале договор со клубовите, Бундеслигата да се врати во акција на 15 мај, со што германската лига ќе биде прва која ги „отвара“ вратите по пандемијата на корона вирусот.

Претходно, денеска, канцеларката Ангела Меркел одобри по два месеци пауза да се продолжи Бундеслигата кога ќе се договорат клубовите, и ДФЛ се договори со клубовите фудбалот да се врати на 15 мај, или за само девет дена, во петок со мечевите од 26. коло. Последниот меч од Бундеслигата беше одигран на 11 март.

По 25 кола, Баерн Минхен е лидер со 55 поени, четири пред Борусија Дортмунд и пет пред РБ Лајпциг, што значи дека не очекува релативно интересен германски шампионат, бидејќи блиску е и Борусија Менхенгладбах со шест поени помалку на девет меча пред крајот.

Во првото коло не очекуваат интересни мечеви – дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке, додека Баерн гостува кај незгодниот Унион Берлин, Лајпциг го пречекува Фрајбург, Леверкузен гостува кај Вердер.

Scroll to Top