Арсенал потврдија дека нивниот поранешен капитен Микел Артета е новиот тренер на тимот од „Емирати“, доаѓајќи од позицијата помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити со договор до 2023 година.
37-годишниот Артета помина пет години со „топчиите“ како фудбалер од 2011 до 2016, освојувајќи две титули од ФА купот пред да се пензионира.
„Ова е огромна чест за мене, Арсенал е еден од најголемите клубови на светот и мораме да се бориме за трофеи и тоа ми беше кажано јасно во разговорите со сопствениците Стен и Џош Кренке и со другите луѓе од клубот. Знаеме дека не чека работа, но сигурен сум дека можеме да се вратиме на врвот. Но, јас сум реален човек и знам дека тоа не е возможно да се направи преку ноќ, но тимот има доволно талент во него и одлични млади фудбалери“, вели Артета.
Шпанецот го заменува Унаи Емери на „Емирати“, откако неговиот сонародник беше отпуштен пред три недели по најлошиот старт на една сезона по 27 години. Оттогаш преоден тренер беше уште еден поранешен „топчија“, Фреди Љунгберг.
Артета ќе патува во Ливерпул каде што ќе се сретне со тимот пред саботниот меч со Евертон на „Гудисон Парк“, но ќе го следи мечот од трибини, додека Љунгберг ќе биде одговорен.
Welcome back, Mikel! ?
Head coach of The Arsenal ? pic.twitter.com/lhsAfQ7cfq
— Arsenal (@Arsenal) December 20, 2019