Искусниот фудбалер на Рома, каде настапува како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, 30-годишниот Крис Смолинг се поизврсно е дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти таборот на „волчицата“.
Стоперот зад себа има успешна сезона, откако летоска од Манчестер се пресели во Рим.
Добрите партии ги натераа челниците на римскиот клуб да се обидат да го задржат на Олимпико“ и да го откупат неговиот договор.
Но, сега пораснаа апетитите на првите луѓе на Јунајтед, па наместо првичните 20 милиони евра, сега се споменува сума од околу 30 милиони евра. Прашање е дали Рома е подготвена да одвои толкава сума за дефанзивец.
Многу од тоа ќе зависи и на која позиција на табелата во Серија А ќе заврши Рома по крајот на сезоната, односно дали ќе успее да се квалификува во Лигата на шампиони.
Освен Рома, голем интерес за повремениот англиски репрезентативец пројавија и Евертон, Аресенал, но и Тотенхем.