Top Sport

Меси е најдобар стрелец во ТОП 5, Роналдо е сега втор

Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси со вечерашниов погодок за Барселона од белата точка на дуелот против Реал Сосиедад стигна до 438 гола во шпанската Ла Лига.

Со тоа Меси го мина на листата на најдобри стрелци во ТОП 5 лигите (Шпанија, Франција, Германија, Англија и Италија) главниот ривал, Португалецот Кристијано Роналдо кој има постигнато 437 гола.

Меси е поуспешен од Роналдо ако се земе предвид фактот дека нему за 438 гола му беа потребни 474 натпревари, додека Португалецот учинокот го има на 540 меча.

Од друга страна, Роналдо стрелаше на 3 фудбалски гиганти, во тро различни лиги (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус), додека Меси од почетокот на кариерата е во Барселона.

Scroll to Top