Top Sport

Повредата на грбот на Озил доаѓа од играњето „Фортнајт“?

Арсенал не можат да сметаат на Месут Озил од 5 октомври поради постојана повреда на грбот, за која германскиот таблоид „Билд“ вели дека е само резултат на зависноста на Германецот од играње на видео-играта „Фортнајт“.

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери вели дека фудбалерот работи напорно на враќањето, но според „Дејли стар“, веб-сајтот „Вејстед он Фортнајт“ покажува дека Озил одиграл 5.221 меч, или во просек по пет часа дневно!

Покрај ова „Билд“ се консултираа со медицински експерт, кој тврди дека токму оваа зависност го спречува оздравувањето на Озил и враќањето во форма.

Scroll to Top