Top Sport

Германките ја добија клучната битка со Шпанија

Германија остана со шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако во првиот меч од групата 2 во втората фаза во Франција со убедливи 29:22 ја победија репрезентацијата на Шпанија.

Победата на Германија не беше под сомнеж во ниту еден момент од мечот, откако по првите 30 минути игра  направија +8 (17:9), за потоа рутински да го доведат мечот до крај. Ова се драгоцени поени за Германките, кои сега се израмнети со Романија и Холандија со 4 поени во групата, иако ривалите имаат по натпревар помалку.

Три Германки имаа по четири постигнати голови: Мајке Шмелцер, Емили Белк, Анџела Гешке, додека за Шпанија најефикасна беше Кармин Мартин Беренгуер со седум гола.

Вечерва во 21 часот, актуелниот носител на европската титула, Норвешка ќе се обиде да остане во теорија за пласман во полуфиналето во дуелот со Унгарките, на кои исто така им е потребна победа за да останат во игра.

ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ГРУПА 2

Шпанија – Германија 23:29 (9:17)

Унгарија – Норвешка 21.00 ч.

Табела: 1.Романија 4, 2.Холандија 4, 3.Германија 4, 4.Унгарија 2, 5.Норвешка 0, 6.Шпанија 0.

Scroll to Top