Top Sport

Повредата на Салах не била сериозна

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Мохамед Салх, не бил сериозно повреден по дуелот што го имал на саботниот дуел со играчот на Лестер, Хамза Чудури. Салах во финишот го напуштил теренот, а на крајот Ливерпул успеаја да го победат Лестер 2:1.

Лекарските наоди покажале дека Египќанецот повредата на зглобот не била сериозна. Сигурно е дека Салах нема да игра за својата репрезентација против Боцвана на 14 октомври.

Она што е добра вест за Ливерпул е дека тој ќе игра на 20 октомври кога „црвените“ ќе гостуваат кај Манчестер Јунајтед.

Салах оваа сезона има постигнато шест гола на 12 натпревари колку што одиграл во сите натпреварувања.

Scroll to Top