Top Sport

Лаури не мрда од Торонто

Кајл Лаури го продолжил договорот со шампионската франшиза во НБА-лигата, Торонто Репторс. Искусниот плејмејкер го продолжил договорот на уште една сезона, што значи дека во наредните две години ќе заработи 64 милиони долари.

Лаури оваа сезона ќе заработи 33, а во наредната 31 милиони долари. Договорот помеѓу Торонто и Лаури бил потпишан викендов кога на состанокот со стручниот штаб бил одреден тимот за наредната сезона.

Инаку Кајл Лаури е еден од ретките кошаркари кои летово од оправдани причини го одбија повикот во репрезентацијата на САД. 33 годишниот кошаркар по завршувањето на сезоната го оперирал прстот на левата рака.

Лаури дресот на Репторс го носи од 2012 година, претходно играл за Мемфис и Хјустон.

Scroll to Top