Top Sport

Повредата на Жиру не е сериозна

Повредата на Оливие Жиру не е сериозна, но неговиот настап наредната недела во градското дерби против Интер е неизвесен, пренесуваат италијанските медиуми.

Жиру, пред два дена, во дресот на националниот тим против Република Ирска, го повреди стапалото. Во раната фаза од првиот дел тој го напушти теренот и веднаш се врати во Милано.

Деталните прегледи покажаа дека на напаѓачот на Милан треба да мирува, но прашање е дали ќе биде подготвен за градското дерби против Интер.

„Дерби дела Мадонина“ ќе се игра на 16. септември.

Интер и Милан го делат првото место во поредокот во Серија А, тие се единствените со по три победи во исто толку натпревари.

Scroll to Top