Top Sport

Повредите го масакрираа Сити – Гвардиола остана без речиси целиот тим

Манчестер сити испадна од Лига купот, но „граѓаните“ се позагрижени за ситуацијата со повредите.

Дополнителна сенка на поразот од Тотенхем во Лондон оставија повредите на неколку важни играчи на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак обично ги одмара клучните играчи во Лига купот, но во средата тој план беше нарушен веќе за време на загревањето.

На загревањето за натпреварот се повреди Мануел Аканџи, па наместо него мораше да игра Рубен Диаш.

Потоа во 63. минута тешко се повреди Савињо кој на носилки беше изнесен од теренот.

Тоа не беше крајот на проблемите на Сити против Тотенхем.

Јошко Гвардиол влезе на теренот како замена, а во финишот на натпреварот се фати за препоните и падна во близина на линијата.

Тој продолжи да игра до крајот, но штом судијата означи крај, лекарскиот тим на Сити истрча на теренот и му пружи долготрајна помош на најскапиот дефанзивец во историјата.

Тоа го забележаа и новинарите, па го прашаа тренерот на Манчестер сити за состојбата на Гвардиол.

„Не знам. Не разговарав со него. Сите правеа масажа, па тој беше зафатен. Беше премногу гужва. Така што не знам”, изјавил Шпанецот.

Заедно со Аканџи, Савињо и Гвардиол, од претходно се повредени Грилиш, Доку, Де Брујне, Вокер и Боб.

Родри, најдобриот светски фудбалер во сезоната 2023/2024, на крајот на септември ја заврши тековната сезона поради повреда на коленото.

По Бурнмут, Сити на 5. ноември гостува во Лисабон во Спортинг во четвртото коло од Лигата на шампионите, а потоа на 9.ноември го чека натпреварот против Брајтон.

Scroll to Top