Top Sport

„Поврзаноста“ на Марк Селби и Реал Мадрид

Реал Мадрид, вечерва во Лондон, против Челси ќе го одигра полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите. На Реал му треба победа или нерешен резултат со повеќе од еден постигнат гол за да се пласира во финалето, каде од синоќа се фудбалерите на Манчестер сити.

Првиот меч, одигран пред осум дена во Мадрид, заврши 1:1. Пулишиќ постигна гол за Челси, а Бензема за Реал.

Шпанските медиуми, се сигурни дека Реал не само што ќе влезе во финалето туку и дека ќе ја освои титулата. Тие се повикуваат на традицијата која вели дека Реал ја освојувал Лигата на шампиони, секогаш кога Марк Селби го освојувал светското првенство во снукер.

Селби, пред два дена, четврти пат во кариерата стана светски шампиони. Претходните три ги освоил во 2014, 2016 и 2017 година.

Scroll to Top