Top Sport

Повторно е уапсен Мејсон Гринвуд

Мејсон Гринвуд е уапсен под сомнение дека ги прекршил условите за кауција што му овозможиле да живее на слобода по тешките обвинувања за сексуално и физичко малтретирање, како и смртни закани, поради што помина неколку дена во затвор, од каде беше ослободен на почетокот на февруари.

Да потсетиме, фудбалерот на Манчестер јунајтед еден од најголемите таленти на клубот и воопшто на англискиот фудбал, беше суспендиран во февруари годинава. Неговата тогашна девојка Хариет Робсон објави слики на Инстаграм на кои се гледаат хематоми и модринк,, а објави и видео на кое се слуша како Гринвуд се обидува да ја принуди на секс против нејзина волја.

Како што пишуваат англиските медиуми, тој неодамна стапил во контакт со својата жртва и со тоа ги прекршил условите под кои излегол од затвор.

Гринвуд го одигра својот последен натпревар за Јунајтед во јануари оваа година. Тој е суспендиран, но се уште јредовно ја зема својата неделна плата, која изнесува 75.000 фунти.

Scroll to Top