Top Sport

Повторно лоши вести за Пол Погба

Пол Погба се уште не одиграл натпревар за Јувентус откако минатото лето се врати во клубот од Манчестер јунајтед. Поради повредата тој го пропушти и Светското првенство во Катар.

Французинот, кој во неделата беше беше резерва против Монца нема да конкурира за место во тимот за натпреварот против Лацио во Купот на Италија.

Погба се повреди уште во јули, беше опериран на почетокот на септември, а сега повторно чувствува „болки во флексорните мускули“, откри Масимилијано Алегри на прес-конференцијата, пред натпреварот со Лацио.

„За жал, кога играчот е неактивен со месеци, се јавува болка кога се зголемува интензитетот на тренинзите“, изјави тренерот на Јувентус.

Погба, кој има 29 години, нема одиграно официјален натпревар од април кога беше во Манчестер јунајтед. Откако се врати во Јувентус, Французинот го повреди десното колено во јули, по првиот претсезонски пријателски натпревар.

По операцијата во септември, тој го пропушти Светското првенство во 2022 година во Катар каде неговата Франција заврши на второто место.

Тренерот Алегри не откри дали играчот од средниот ред ќе биде подготвен за следното коло од Серија А, против Салернитана на 7. февруари.

Scroll to Top