Top Sport

Повторно преговори – Јовиќ во Милан?!

По голот и асистенцијата на мечот против Реал Сосиедад, српскиот напаѓач од Реал Мадрид – Лука Јовиќ повторно е на насловните страници на шпанските, но и на италијанските медиуми. Србинот одамна е на листата на желби на „Росонерите“, но информациите се дека тој е поблиску до „Сан Сиро“ од било кога.

Седумкратниот шампион на Европа сака да го доведе напаѓачот на Реал уште во јануарскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на „Чизмата“.

Милан имаат „пријателска врска“ со Кралскиот клуб, неодамна од Мадрид во Милано стигнаа Тео Хернандез и Брахим Дијаз.

Во Милано се убедени дека Јовиќ има иднина во составот на Стефано Пиоли, а пред се се потпираат на одличните игри што Србинот ги имаше во тандем со Хрватот, Анте Ребиќ кој е дел од „црвено-црниот“ табор.

Директорскиот тандем Малдини-Масаро веќе имале разговор со агентот на Јовиќ – Фали Рамадани.

Scroll to Top