Top Sport

САД имаат нови фудбалски шампиони – Њујорк Сити

Фудбалерите на Њујорк Сити се новите шампиони во МЛС лигата откако во финалето беа подобри по изведувањето пенали од Портланд Тимберс.

По 120 минути игра резулататот беше 1-1, а по пеналите екипата на Њујорк стигна до првата клупска титула во историјата на клубот кој е основан во 2013 година.

Фудбалерите на Сити водеа од 41 минута со голот на Аргентинецот, Валентин Кастељанос, најдобриот стрелец во шампионатот,

Но во самиот финиш на мечот тимот од Орегон успеа да израмни со голот на Чилеанецот, Фелипе Мора.

Во продолженијата немаше погодоци, па мораше да се изведуваат удари од 11 метри.

Трагичари беа токму Мора и неговиот колега од клубот – Валери. Нивните удари ги скроти голманот на Њујорк, Шон Џонсон кој ја доби наградата за најкорисен играч на финалниот дуел.

Scroll to Top