Top Sport

Повторно расна дискриминација во Премиер лигата

Британската полиција официјално објави дека води истрага за потенцијалната нова расна дискриминација во Премиер лигата, а постои сомнеж дека тоа се случило на натпреварот меѓу Шефилд јунајтед и Лутон.

Се работи за натпревар од 19. коло кој се одигра во вторникот, а Лутон победи на гостински терен 3:2. Во центарот на вниманието е 28-годишниот Карлтон Морис кој влезе во игра во второто полувреме и наводно бил расно малтретиран од домашните навивачи.

Фудбалерот на Лутон веќе е сослушан во полиција, додека Шефилд јунајтед соопшти дека и помага на полицијата во истрагата.

По натпреварот, и покрај победата на неговиот тим, Морис бил лут, а како што пишуваат тамошните медиуми, тој ги пријавил навредите од домашните навивачи до главниот судија на натпреварот, Семјуел Алисон, првиот црномурест судија во англиската Премиер лига по пауза од 15 години.

На тој натпревар Шефилд јунајтед водеше со 2:1 до 77. минута, но домашните играчи на крајот си постигнаа два автогола за пресврт и победа на гостите.

Scroll to Top