Top Sport

Повторно шпански противник за Јунајтед, португалски предизвик за Арсенал

Без вистинско дерби ќе мине осминафиналната фаза во Лига Европа. Манчестер јунајтед повторно ќе игра со шпански тим. „Црвените ѓаволи“ во плеј-офот ја елиминираа Барселона, а на патото до четвртфиналето им соти Бетис.

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, за противник го доби Спортинг Лисабон. Рома на Жозе Мурињо во оваа фза ќе се пресмета со Реал Сосиедад.

Ждрепката им беше наклонета на фудбалерите на Јувентус, кои се фаворити во дуелите со Фрајбург.

Унион Берлин-Унион Сен-Жалоаз
Севилја-Фенербахче
Јувентус-Фрајбург
Баер Леверкузен-Ференцварош
Спортинг Лисабон-Арсенал
Манчестер јунајтед-Бетис
Рома-Реал Сосиедад
Шахтјор-Феенорд

Првите осминафинални натпревари на програмата се на 19.март, ревенашите ќе се одиграат седум дена подоцна. Финалето во Лига Европа оваа сезона ќе се одигра на 31. мај во Будимпешта.

Scroll to Top