Обидот на Лидс јунајтед, конечно, да се врати во Премиер лигата може да биде загрозен откако тимот потври дека барем еден член на нивниот тим е позитивен на корона вирусот.
Во средата, Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) потврди дека има девет позитивни случаи од шест клуба по 1.094 тестови од 30 мај до 2 јуни, по што Шефилд венсдеј, Хадерсфилд и Престон потврдија дека имаат по еден позитивен случај.
Ова е прв позитивен случај во клубот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој е очаен за продолжување на сезоната бидејќи во моментов се на првото место на табелата со поен предност пред ВБА и седум поени пред третопласираниот Фулам. Лидс веќе 16 години чека враќање во елитата.