Top Sport

Познат е патот на Македонија за ЕВРО 2024, може и преку Лигата на нации

УЕФА денеска го објави патот кон ЕВРО 2024 во Германија. Фудбалската репрезентација на Македонија повторно ќе има можност преку Лигата на нации, и дополнителен бараж, да обезбеди место на Европско првенство.

Сите селекции на кои нема да им успее да се пласираат на Европското првенство во 2024 година преку главните кваликации, ќе можат тоа да го сторат со успешен настап во Лигата на нации, во дивизиите А, Б и Ц.

Преку европските квалификации 20 селекции ќе обезбедат директен пласман на ЕП во Германија, првите две селекции од десет групи, додека последните три патници ќе бидат познати преку Лигата на нации и тоа со бараж-фајналфор во дивизиите А, Б и Ц.

Квалификацискиот систем за ЕВРО 2024 останува ист како и досега. Ќе има десет групи, пет со по пет селекции и шест со по шест селекции, а натпреварите почнуваат идната 2023 година.

Македонија сега се наоѓа во дивизијата Ц од Лигата на нации и ќе игра против Бугарија, Грузија и против Гибралтар.

Scroll to Top