Top Sport

Познат е терминот за првото „Ек класико“ во сезоната

Вечното дерби, популарното „Ел класико“, официјално го доби терминот во кој натпреварот ќе го одиграат Барселона и Реал Мадрид.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, објави дека Барселона ќе го пречека Реал в недела, на 28.октомври, од 16:15 часот.

Терминот е невообичаен за европски услови, особено кога се работи за еден ваков натпревар, меѓутоа Ла Лига повторно сакаше да им го „Ел класико“ да им го направи достапно на фановите ширум светот.

Лани, поради Азија и САД, дербито кога Реал беше домаќин започна во 12 часот.

Интересно, на 3.декември 2016 година, Барселона и Реал дуелот го започнале во 16:15 часот, а натпреварот завршил 1:1. Головите ги постигнале Луис Суарез и Серхио Рамос.

Scroll to Top