Top Sport

„Влезниците на Чосиќ“ на рускиот пазар се продавале за 18.500 евра

Хрватската радио-телевизија (ХРТ), излезе со коментар по скандалот, што го откриле ФИФА и Здружениеот на европските национални телевизии (ЕБУ), а во кој главен лик е познатиот спортски коментатор, Драго Чосиќ.

Чосиќ, продавал билети „на црно“ за финалниот натпревар на Светското првенство во Русија, помеѓу Франција и Хрватска.

„Ова што се случува е голем срам за нашата телевизија. не можеме да поверуваме дека нашите колеги продавале билети „на црно“ за СП во Русија, што ги побарале и добиле во името на ХРТ. Никого не известиле дека во име на ХРТ добиле 40 скапи влезници. Целата приказна нанесе го урна угледот и нанесе непоправлива штета на телевизија“, изјавиле за „Јутарњи“, од ХРТ.

Инаку, покрај коментаторот Драго Чосиќ во скандалот е вмешан и меѓународниот координатор на ХРТ, Саша Дедиќ.

Овие двајца, наводно се обиделе да ги продадат „на црно“ влезниците што ФИФА и ги доделила на ЕБУ, а тие без знаење на челниците на ХРТ, а по парање на Чосиќ и Дедиќ ги проследиле до телевизијата.

Скандалот го откриле луѓето од ФИФА, на денот на финалето, 15.јули. Тој ден од ФИФА во седиштето на ЕБУ била испратена информацијата дека на рускиот интернет забележале дека се продаваат четири ВИП влезници за натпреварот помеѓу Хрватска и Франција.

„Јутарњи“ пишува дека цената на еден билет изнесувала 18.500 евра.

ФИФА ги информирала луѓето од ЕБУ дека билетите биле блокирани и оние што ги купиле нема да можат да влезат на стадионот „Лужники“. Во исто време од ФИФА побарале ЕБУ да истражи како тие влезници се појавиле „на црниот“ пазар.

Откако во ЕБУ завршила истрагата тие им се обратиле на челниците на ХРТ, кои дури тогаш дознале дека телевизијата поседувала влезници за Светското првенство во Русија.

Откако ХРТ ги добиле сите потребни информации од ЕБУ, решиле да спроведат интерна истрага и откриле кои се луѓето што ги добиле влезниците.

Коментаторот Чосиќ не негирал дека побарал влезници од ЕБУ, но демантирал дека ги продавал влезниците „на црниот“ пазар. Чосиќ во својот исказ рекол дека долгогодишна пракса била да се барат влезници од УЕФА и ФИФА за ваквите големи настани.

Познатиот коментатор „на црно“ продавал билети за финалето на СП!?

Scroll to Top